Friday, March 22, 2013

Дефиниција на поимот инди игра (indie game)


      Инди игра (indie game) преставува видео игра направена од мала група на луѓе (можно е и само еден да биде) без приврзаност со големи компании воедно и одреден буџет. Ова си има своја добра и лоша страна. Лошата страна е што шансите играта воопшто да ти биде играна и да заработуваш со нејзе се мали. Добрата страна е што воопшто не си лимитиран. Никој не треба да ти одобри дали играта или некои елементи од играта се прифатливи според некои стандарди. Единствена лимитација е фантазијата на креаторот, и неговите способности да ја програмира.


    Постојат најразлични видови на инди игри. Воедно се прават и за различни видови на конзоли (најмногу за PC но полека почнуваат да се зголемуваат и за Xbox 360). Некои повеќе личат на уметнички дела наменети за релаксација. Други се наклонети кон хардкор гејмери кои се носталгични за брзи и тешки платформски игри. Во секој случај разновидноста на инди игрите е бескрајна.
   

    Можам многу повеќе да пишува во врска со ова но мислам дека основното е поминато.

Чисто информативно планирам на секој пост на крај да има некое глупаво гифче (благодарение на безконечните ресурси на tumblr <3 ). And here it is!

No comments:

Post a Comment